Кривична против Смолет за непримерно однесување и поднесување лажен полициски извештај

158
ФОТО: Принтскрин

Поднесена е кривична пријава против ѕвездата на „Empire“, Јуси Смолет, за непримерно однесување и поднесување лажен полициски извештај, пренесува „E! News“.

Претходно од полицијата беше соопштено на Твитер оти Смолет „официјално е класифициран како осомничен во криминална истрага“.

Според медиумот, Смолет се сомничи дека е одговорен за сопствениот напад. На 13 февруари полицијата ги уапсила браќата Олабињо и Абимбола Осундаиро штом пристигнале на аеродром во Чикаго од Нигерија. Потоа тие биле ослободени и наводно повеќе не се осомничени за настанот.

Првичните информации беа дека за нападот врз актерот се одговорни две лица, кои извикувале хомофобични и расистички зборови. Потоа, тие му фрлиле непозната хемијска супстанца и заврзале јаже околку неговиот врат.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...