Кривична против Лила, затаила данок од 1,78 милиони денари

4991

Управата за финансиска полиција поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Лила Стојановска која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила пари во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н..

Како што информира Финансиската полиција, расположивите пари како остварен приход Л.С. ги подигнала во целост и во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.

Управата за финансиска полиција постапила по овој случај откако претходно до неа е доставена Пријава од Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК и лицата Е.Н. и Д.Н.. Во Пријавата е изнесено сомнение за сторени кривични дела со лажно прикажување факти, против Л.С. на која ѝ уплатиле вкупно 16.095.600 денари. Притоа е склучен и нотарски заверен Договор за уредување меѓусебни обврски меѓу Л.С. и пријавителите, за изготвување Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права со цел обезбедување средства и со ветување дека за проектот на правното лице ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК ДООЕЛ Скопје, Л.С. наводно ќе му обезбеди донации од 3.580.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...