Кривична против двајца мажи поради злоупотреба на лични податоци на жена од Охрид

262

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј.П.(39) и Р.П.(39), двајцата од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Ова го соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

– Пријавените, на 5 април годинава без добиена согласност, прибирале, обработувале и користеле лични податоци на женско лице од Охрид. Без нејзино знаење ги објавиле на веб страна за огласи. Дополнително, двајцата пријавени неовластено и креирале неколку профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ – велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...