Кривична пријава за поранешниот декан на Ветеринарниот факултет во Битола

246

СВР Битола поднесе кривична пријава против поранешен декан на битолскиот Ветеринарен факултет, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Пријавениот, Г.Ж. (60) од Битола, во 2009 година, без спроведување на соодветна законска постапка, донел одлука за сопствено унапредување во повисока научна титула, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500.000 денари. Исто така, во 2017 година, без спроведување на соодветна законска постапка, пријавениот донел одлука за унапредување на П.Б. од доцент во вонреден професор, со што овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 денари – соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...