Кривична пријава за директорка на библиотека во Кочани

816

Поднесена е кривична пријава против в.д. директорката на библиотеката „Искра“ од Кочани за злоупотребување на службената положба и овластување во 2017 година. Според МВР, таа во два наврати постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, на тој начин што без да спроведе постапка за јавна набавка во која би се јавиле и други економски оператори, кои на пазарот нудат стоки, услуги или работа, фаворизирала две фирми.

Р.Т. (44) од село Оризари, кочанско доби кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 1 од КЗ.

Во 2017 година ангажирала правен субјект од Кочани преку непосреден договор за услуга за одржување и поправка – вршење градежни активности во библиотеката во Кочани и Оризари без притоа да биде спроведена постапка за јавна набавка на услуги.

Исто така, таа истата година, за такси услуги за вработените, фаворизирала една компанија без да спроведе постапка за јавна набавка и без истите услуги да бидат предвидени во планот за јавни набавки на библиотеката, се наведува во соопштението од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...