Одделение за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т.(26) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и против правното лице Републичко здружение за хуманитарни цели „Здружени срца“ – Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“. Пријавениот Р.Т., преку Здружението, кое немало активен статус, ниту трансакциска сметка и без да поседува документација за работењето, ветувал на граѓани дека како претседател на Здружението ќе му обезбеди финансиска помош на М.А., со организирање на концерт во Кочани во август.
По ова, М.А. му се обратил на пријавениот за финансиската помош поради што на социјална мрежа имало објава со која се испраќа апел до сите оштетени граѓани во несреќни случаи да се обратат во просториите на Здружението на граѓани „Здружени срца“. На 26.01.2020 на социјалната мрежа пријавениот му праќал пораки на оштетениот за да му исплати пари, а доколку не му ги достави бараните средства да си ги повлече документите од Здружението и дека нема да му следува финансиска помош.