Кривична и притвор за шферцерот на мигранти

83

Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ф.(41) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти”. Судија за претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

– Како што веќе информиравме на 1 септември во 17.30 часот на автопатот Гевгелија–Скопје, кај село Прдејци, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, било забележано патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти, како со голема брзина се упатило во правец кон Скопје. Полициските службеници се упатиле по возилото и после клучката Миравци, возилото запрело, мигрантите излегле од него а возилото продолжило со движење. По кратко време возилото е сопрено, а го управувал Р.Ф.(41) од село Сингелиќ, скопско. Биле пронајдени и 14 лица-мигранти, од кои 11 лица од Авганистан и тројца од Пакистан, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...