Тетовската полиција поднесе кривична пријава против С.Б.(40) од село Чегране, гостиварско за сторено кривично дело „Узурпација на недвижности”.
Тој во март годинав, во село Чегране на место викано „Борови” оградил 900 метри квадратни борова шума во сопственост на РМ, при што извршил оштетување на 44 стебла јела, соопшти МВР.