Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.И.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, против А.С.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „прикривање“ и против А.Б.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.
На 22.01.2019 во куќа на улица „Виничка“ во Скопје првопријавениот, со употреба на физичка сила, влегол и одзел пари, пиштол „Црвена Застава М88“ и телевизор. По ова, тој на третопријавениот му го продал телевизорот, додека на второпријавениот му го продал одземениот пиштол.