Кривична за скопјанка, украла накит вреден 120.000 денари

242

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(22) од Скопје поради основи на сомнение дека извршила кривично дело „тешка кражба“ со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

– На 15-ти август минатата година во куќа на улица „Франц Прешерн“ во Скопје пријавената насилно со употреба на подесен алат делувала на влезната врата, влегла внатре и одзела разновиден златен и сребрен накит и мобилен телефон. По преземени мерки и активности констатирано е дека С.Д. е сторител на кривично дело и на 13-ти овој месец е лишена од слобода.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...