Во Полициска станица Прилеп лице пријавило дека околу 16,30 часот непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад.
– Истиот истурил црвена боја врз куче и почнал да го влече за едната нога. По пријавување на настанот излезено е на местото на настанот каде што е извршен увид. По преземени мерки полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп од слобода го лишиле М.М.(56) од Прилеп. Со лицето е извршен разговор, по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “мачење животни” казниво по член 233 од Кривичниот законик на РМ, соопшти МВР.