Кривична за паланчанец за незаконска сеча и извоз на дрвна маса

184

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.С.(47) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Л.Д.(63) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Д.М.(59) од Чучер-Сандево и Б.С.(45) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. С.С., во својство на референт за сеча, дотур и превоз во приватни шуми во ПШС „Осогово“ – Крива Паланка, од јуни 2017 година до септември 2018 година, незаконски, со жиг и бројки карактеристични за приватни шуми, одбележал една катастарска парцела во катастарска општина Трново, сопственост на РСМ и извршил незаконска сеча и извоз на вкупно околу 28.67 кубни метри дрвна маса, која била изнесена од парцелата врз основа на Испратници издадени за други катастарски парцели во Трново, сопственост на приватно лице. Л.Д., во својство на одговорно лице во ПШС „ОСОГОВО“ Крива Паланка, не извршила надзор и контрола на терен при сеча и извоз на дрвна маса од наведените катастарски парцели, како и врз работењето на пријавениот С.С.. Д.М., по претходен договор со С.С., ангажирал лица кои исекле повеќе дрва од парцели во Трново. Откако ги жигосале дрвата, ангажирале превозници и ги транспортирале дрвата до домот на Д.М. и на Б.С.. Со сторените дела тие нанеле материјална штета на ЈП „Национални шуми“ – ПШС „Осогово“ Крива Паланка, во износ од околу 93.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...