Кривична за момчето кое нападна тројца полицајци

1054

Кривично ќе се гони момчето кое нападна тројца полициски службеници во дворот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче за време на гласањето, изјави Џељал Бајрами, јавен обвибител.

– Секторот за внатрешни работи Скопје го извести обвинителството за извршено кривично дело, денеска во 9,20 часот во дворот на ОУ ” Лазо Ангеловски” во Скопје на гласачко место број 2708. Делото е извршено од едно лице кое нападнало тројца униформирани полициски службеници. Осомничениот е задржан во полициска станица. Во координација на Основното јавно обвинителство Скопје, СВР Скопје постапува за целосно документирање на настанот по што ќе ја достави целата документација со кривична пријава против осомничениот за сторено кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик. Со овој настан не е нарушен процесот на гласање, ниту пак имало некакво влијание кон гласачите во остварување во гласачкото право. Други пријавени незаконитости на територијата на надлежност на Вишото јавно обвинителство Скопје нема – велат од Обвибителството.

Од таму додаваат дека имаат сознанија за мал инцидент во Радовиш каде едно лице фрлало летоци. Надлежното обвинителство информира дека со ова дејствие е сторен прекршок.

Во Кочани, во 11.30 минути, надвор од избирачко место по завршено гласање биле упатени закани од едно на друго лице, но истите немале влијание врз процесот на гласање.

Во Штип има случај на неовластено фотографирање. Фотографирано било лице кое носело храна на избирачко место. Лицето кое неовластено фотографирало е задржано во полиција на разговор.

На територија на надлежност на Вишото јавно обвинителство Гостивар до 14.30 минути не се пријавени неправилности поврзани со процесот на гласање, ниту посериозен инцидент кој би го попречил референдумскиот процес.

Мирно се одвива и процесот на гласање на територијата на Вишото јавно обвинителство Битола.

Јавното обвинителство преку формираната Комисија ја известува јавноста дека јавните обвинители работат на терен. Целосно се посветени на борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето преку придонес кон нивно сузбивање и превенирање.

Може да се констатира дека до овој момент има релативно мирно спроведување на референдумот, односно нема индиции за поголем број противправности опфатени со Глава 16 од Кривичниот законик. Иако обвинителството е подготвено да постапува, сепак се надеваме дека во оваа атмосфера ќе се спроведе референдумот.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...