Секторот за внатрешни работи Тетово и Секторот за внатрешни работи Битола целосно го расчистија случајот со новороденчето, кое на 2 јули годинава беше оставено и пронајдено пред Домот за доенчиња во Битола и поднесоа кривични пријави против три лица: малолетната мајка на бебето, нејзиниот невенчан сопруг и нејзиниот татко, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Против 17-годишната мајка поднесена е пријава за напуштање немоќно дете. Таткото на бебето, 27-годишниот Ш.А. ќе одговара за вонбрачен живот со малолетно дете, за истото дело е пријавен и таткото на малолетничката бидејќи ѝ дозволил на ќерка си да живее во вонбрачна заедница со друго лице.