СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.В. (46) од Штип поради постоење основи на сомневање дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
– Пријавената, поранешен извршител именуван за подрачје на основни судови Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, во периодот од 27 декмеври 2017 до 31 декември лани, два пати ја злоупотребила службената положба и овластување. Првиот пат при примање на решение од 26 декември 2018, доставено од Комора на извршители на РСМ, за изречена привремена забрана за вршење на должноста-суспензија. Таа на 27 декември 2018 од посебна сметка во банка префрлила 130.000 денари на нејзина редовна сметка во банката, без претходно образложение по кој основ се префрлени овие парични средства. На 31 декември 2018, пријавената на ист начин префрлила уште 8.000 денари или вкупно 138.000 денари и за тој износ ги оштетила доверителите на кои по разни основи им легнале овие парични средства на посебна сметка и за кој износ требало да бидат исплатени од пријавената, соопшти МВР.