Кривична за ексградоначалникот на Чашка, без потреба вработил 40 лица

249

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.П.(49) од Велес, поранешен градоначалник на општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување”.

Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општина Чашка, иако општината немала потреба од вработување. После тоа, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...