Кривична за директорот на старечкиот дом во Куманово, незаконски ги зголемил платите

Кривична е поднесена и против Е.А(35) и А.Б(43) од Куманово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“.

320

Кумановската полиција до основното јавно обвинителство во овој град поднесе кривична пријава против С.С (64) од Џ.Н(41) од Слупчане поради основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Е.А(35) и А.Б(43) од Куманово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Џ.Н кој е  директор на Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ со помош на С.С. претседател на Управниот одбор во истата установа на седница одржана на 13.07.2015 година, спротивно на Законот за социјална заштита, Колективниот договор за социјална заштита, Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за социјална заштита од јануари 2009 година донеле одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата на вработените во Домот.

На овој начин С.С и Џ.Н им овозможиле на вработените во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово да се стекнат со плати повисоки за износите кои ги примале како „посебен додаток“ во период од месец август 2015 до месец мај 2018 година, односно за вкупен износ од 3.790.928 денари, а второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 588.134 денари, со што го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 4.379.062 денари.

Полицијата тврди дека Е.А. и А.Б иако биле должни согласно описот и пописот на работното место архивар во делот „работни задачи“, под точка „чување и надзор на документите во работните простории“, на  неутврден датум го прикриле или уништиле Записникот од одржана седница на Управен одбор на која е донесена Одлуката за утврдување на коефициент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...