Кривична за вработени во Министерството за економија, злоупотребиле печат за регистрација на две возила

864

НК КР Делчево поднесе кривична пријава против Т.М.(54), Т.И.(51), П.Н.(39) и О.А.(37), сите од Скопје, сите вработени во Министерството за економија- Биро за метрологија, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавените, како вработени во Биро за метрологија, издале потврди за отворање на постапката за идентификација на две патнички возила, кои што не ги исполнувале законските услови за легализација, со што овозможиле сопствениците на возилата да се стекнат со право на регистрација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...