Кривична за битолски хирург, пациентка починала од внатрешно крварење

1114

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.А.(62) од Битола, хирург во Клиничка болница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“.

На 20 април годинава, пријавениот извршл хируршка интервенција над С.П.(53) од Битола, која според исписната листа се водела на болничко лекување од осум дена, и покрај фактот што во исписната листа имало прекин од два дена.

На 25 април од домот на сега веќе починатата, телефонски била побарана лекарска помош од Итната медицинска помош и домашно лекување и била префрлена во Клиничка болница Битола.

На пациентката не ѝ била укажана лекарска помош според стандардните лекарски процедури при внатрешни крварења, по што на 26 април во 22.10 часот починала на Одделението за хирургија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...