Кривичен нема ниту една одлука за укинување или преиначување на притворот за Мијалков

257

Основниот суд Скопје 1 преку соопштение информира дека досега не е донесена ниту една одлука за евентуално укинување или преиначување на претходно определените мерки за обвинетите во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Империја“ меѓу обвинетите се Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски за кои, според пишувањата во медиумите, од страна на СЈО е побарано мерката притвор да се замени со куќен притвор. Од СЈО засега нема потврда на веста.

Камчев има поднесено жалба и до Апелацискиот суд од каде за денека попладне закажаа јавна седница.

Тој понуди и гаранција од околу 14 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...