Кривичниот суд во Скопје до Обвинителството поднело предлог да се испита кривична одговорност на Миленко Неделковски за издавање службена тајна. Не станува збор за поднесена кривична пријава, бидејќи истата, како што брифираат од судот, треба да ја поднесе обвинителство.
Причината е што Неделковски на неговиот профил на Фејсбук објавил видео снимка од рочиште во предметот каде тој е обвинет за говор на омраза поради статус кој го напиша за време на катастрофалните пожари во Грција. Станува збор за снимка од камерите кои ги поседува судот со кои се снимаат рочиштата и таа според закон е само за странките и не смее да се користи надвор од кривичната постапка.
Рочиштето од кое Неделковски објавил снимка се одржало во мај, а видеото осамнало на неговиот профил набргу откако тој го добил цедето од судот. Делото за оддавање службена тајна за кое Кривичен бара да се гони Неделковски, според Кривичниот законик е казниво со затвор од 3 месеци до 5 години.