Крива Паланка се спријатели со Жупања, Хрватска

64

Општина Крива Паланка и општина Жупања, Република Хрватска од денеска ќе ја зајакнуваат соработката согласно потпишаната повелба од страна на градоначалниците на двете општини.

Повелбата ја потпишаа градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и градоначалникот на град Жупања, Република Хрватска, Давор Миличевиќ.

– Повелбата за пријателство и соработка беше потпишана денеска, во рамки на неколкудневната официјална посета на Жупања од страна на делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Мицевски, претставници од Советот на Општината, како и претставници на локалната општинска администрација.Повелабата беше свечено потпишана, а истата ќе отвори ново пријателство меѓу двете општини што ќе се темели на унапредување на взаемните односи, размена на искуства во насока на подобрување на економскиот, социјалниот и културниот развој, посочуваат од службата за комуникација со јавност при општина Крива Паланка.

Повелбата вклучува и размена на искуства и широка соработка на полето на културата, младите и спортот, како и во други области од општествениот живот, во насока на развој и благосостојба на локалните заедници на Крива Паланка и Жупања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...