Крива Паланка и Маврово утрово се разбудија со шест степени под нулата

293
20121205 Wednesday 1055 plusinfo skopje sneg ladno vreme nevreme niski temperaturi stud zima studeno led

Во Крива Паланка и Маврово утринава се измерени -6 степени, во Берово, Лазарополе и Крушево -5, во Прилеп и Тетово -2 , во Куманово, Виница, Д. Капија, Охрид, Струмица и Битола -1, додека во Претор, Скопје и Штип нула степени. Најтопол град е Гевгелија каде утрвово се измерени 6 степени.

Најмногу воден талог во изминатите 24 часа до 7 часот се наврнати во Охрид и Дебар по 8 литри на метар квадратен, па 6 во Маврово, 4 во Виница, по 3 во Битола и Претор, 2 во Крива Паланка и 1 литар на метар квадратен во Крушево, Тетово, Прилеп, Д. Капија и Пожаране, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурата се спушти брзо и особено на североистокот. Облачноста се намали и ветерот исто така, но утринава уште има засилен ветер во Штипско.

Времето денеска ќе биде сончево, но студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветр. Температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Во Скопје слично време со температурата до 7 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...