Крв на улиците на Белград – како „добар ден“

Пресметките меѓу мафијашите практично станаа вообичаени на улиците на Белград, речиси и не поминува ден, а некој да не биде убиен во српскиот главен град.

1086

Прeсметките меѓу мафијашите практично станаа секојдневие на улиците на Белград, речиси и не поминува ден, а некој да не биде убиен во српскиот главен град, пренесува Б92.

Сепак, според анкетата на Прва телевизија, тоа што се случува на главните крстосници, во близина на училишта, на улиците полни со луѓе, Белграѓани не ги засега многу.

„Мислам дека сум безбедна, не се движам во такви кругови“, вели една девојка.

„Јас не се плашам бидејќи тоа се сосема поинаков тип на луѓе на кои такви работи им се случуваат, мислам дека ние, обичните луѓе сме безбедни“, рече младо момче.

Сепак, со нив не се согласува еден Белграѓанец кој се здобил со повреди од парчиња од џипот кој експлодира додека се наоѓал на автобуска станица на 22 јуни 2015, на Баново брдо.

– Стоев на станица кога слушнав страшна детонација. Јас дури и не забележав дека нешто ме удри по челото, само почувствував дека крв митече надолу по лицето – рече за B92.net М.В..

И во вчерашниот случај, кога при експлозија на бомба на една од најпрометните крстосници на Белград е убиен човек, покажува дека на убијците им е важна целта, без оглед на евентуалните невини жртви.

– За жал, тоа не се случува за првпат, напротив во последните неколку години интензитетот, односно бројот на мафијашките убиства е во голем пораст. Мислам дека досега ги има 120 на број, тоа се убиства кои се поврзани со организираниот криминал – вели новинарот Вук З. Цвијиќ.

Кога убиваат со огнено оружје, убијците се скриени најчесто зад шлемовите за мотор,а во Црна Гора сега најчесто користат силиконски маски.

Во секој случај, без оглед на маската, убиства се случуваат во преполни кафулиња, на раскрсници, места каде што може да настрадаат и невини луѓе.

За време на вчерашната ликвидација на Синиша Милиќ на Аутокоманда само од чиста среќа немаше повеќе мртви.

Неговиот џип беше разнесен кога застанал на семафор. Милиќ наречен Боске е поврзан со кланот на Лука Бојовиќ, но пред тоа бил припасник на безбедносните служби во Република Српска и Србија.

– Тој беше поврзан за структурата на ДБ од времето на Милошевиќ, конкретно, беше еден од поблиските соработници на Драган Филиповиќ, познат како мајор Фиќо, кој се споменува во многу истраги на политички убиства, иако никогаш не е обвинет, знаеме дека по операцијата „Сабја избега во Шангај – додава Цвијиќ.

Синиша Милиќ беше апсен и затоа што со автомобил осум пати вртел околу куќата на родителите на претседателот Александар Вучиќ, но беше ослободен потоа. Понатамошната истрага треба да утврди дали неговото убиство има врска со пресметките меѓу криминалните кланови, или со неговото минато поврзано со Дрѓавната безбеност од деведесеттите.

Подготви: А.Ј.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...