Славниот италијански пејач Ерос Рамацоти (55), кој веќе со години е тивко страдање на многу жени ширум светот, ѝ стави крај на својата десетгодишна љубов со манекенката Марика Пелегринели (31).
Ерос и Марика беа во брак пет години, додека пред официјалното потпишување на документите без во врска, исто така, пет години. Иако Марика е помлада од Рамацоти 26 години, сите нивната врска и брак ги опишувале како исклучително складна и хармонична, па никому не му паднало напамет дека идилата престанала, и дека во нивната љубов веќе не било сè совршено.
Ерос и Марика издале заедничко официјално соопштение во кое наведуваат дека одлучиле да му стават крај на својот брак на спогодбен начин.
– Тоа беа прекрасни 10 години, заедно изградивме прекрасно семејство и бевме бескрајно среќни. Смирени сме во заедничкиот избор, нашиот однос останува пријателски и љубовта која ја делевме и понатаму е тука. Имаме голема почит еден за друг и ја замолуваме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство“, пишува во објавата која ја пренесе италијанскиот портал „Анса“.
Од заедничкиот живот имаат две деца, пејачот и манекенката имаат осумгодишна ќерка Рафаела Марија и четиригодишен син Габрио Тулио.
FOTO: Printskrin