Крај на најсилната љубов во регионот: Клепетан се поздрави со Малена и умре ВИДЕО

Пензионираниот домар, Стјепан Вокиќ кој веќе 30 години се грижи за Малена, објаснува дека неговиот Клепо дошол во гнездото стар и болен.

3010

Приказната за птичјата двојка „Ромео и Јулија“ за жал, заврши. Најпознатиот хрватски штрк Малена остана без својата љубов Клепетан кој угинал.

Приказната за Малена и Клепетан порано беше објавена на познатата страница The Dodo и воодушеви илјадници луѓе ширум светот.

Клепетан во Бродски Варош се вратил на 18 март, што било порано од вообичаено, но не за да остане во својата Малена преку летото, туку да се поздрави со неа.

Пензионираниот домар, Стјепан Вокиќ кој веќе 30 години се грижи за Малена, објаснува дека неговиот Клепо дошол во гнездото стар и болен.

– Четири штркови дојдоа кај мајката на даската и три-четири часа тажно штракаа со клуновите. Тогаш знаев дека Клепо замина да умре. Знаете како велат, птиците умираат пеејќи. Малена порасна 66 млади, тоа е многу за една мајка. Многу сум поврзан за неа. Не одам ни на море, ниту со пријателите, секогаш се грижам за неа. Се обидувам да најдам риба за да ја прехранам, но многу е тешко – рекол Вокиќ.

Стјепан ја обиколил цела околина барајќи го Клепетан откако тој се поздравил со Малена, но не успеал да го најде. Тогаш му било јасно дека тој угинал, пишува „Вијести“.

– Клепетан го дочекувам 17 години. Лани со Малена имаа седум јајца, а оваа година нешто лошо се случи или во прашање е старост на птицата. Имаа само три јајца. Во сите овие 17 години од нивната љубов се испилија 66 штркови. Тоа е раритет во светски размери, кога се во прашање штркови – рекол Вокиќ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...