По 24 години, официјално е откажана модната ревија на брендот „Викторијас сикрет“.
Компанијата што ја произведува оваа долна облека објави дека годинава нема да се одржи модна ревија, а одлуката е донесена затоа што компанијата сака да изнајде нов начин на комуникација со купувачите.
Компанијата веќе извесно време се труди да се снаоѓа во сегашните услови кога физичката разновидност и инклузивност им се се поважни на потрошувачите.
Брендот стекна популарност на сосема поинакви темели – нивните манекенки секогаш беа само најзгодните жени во модната индустрија со тела без никаква маана.
Сега сфатија дека тоа треба да се промени, а почнаа да ангажираат и плус-сајз модели.
Минатата година имаше најнизок рејтинг на сите времиња и налути голем дел од јавноста која настанот го окарактеризира како нешто застарено и сексистички.