Кралското бебе ќе се вика Арчи

679

Новородениот син на принцот Хари и Меган Маркл ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, соопшти денеска Бакингемската палата.

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл денеска првпат се појавија пред новинарите со бебето кое беше родено во понеделникот, а чувството на родителство го опишаа како „волшебно“.

Синот го претставија пред мала група новинари, а тој беше во бело ќебе со бело капче.

– Волшебно е, навистина е неверојатно да се имаат двете најдобри момчиња на светот и многу сум среќна – рече Меган.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...