Aгенцијата „Вилием Хил“ соопштила дека не прима повеќе обложувања за полот на детето откако се испоставило дека луѓето се масовно убедени дека војвотката од Сасекс и принцот Хари ќе добијат девојче.
– Што се однесува до нас, тајната е откриена. Можеби некој некаде го видел ултразвукот или некој слушнал нешто – рекол портпаролот на фирмата Руперт Адамс.
Ова е најчестото име што се спомнува, а речиси сите се обложуваат дека бебето на кралската двојка Меган Маркл и принцот Хари ќе биде девојче.
Кога станува збор за името на детето, листата е долга. Со четири наспрема еден, најголем фаворит за името е Дијана. По него следуваат Викторија, Елис, Грејс и Елизабет.
Оние кои се обложуваат дека бебето ќе биде машко ги избираат имињата Алберт, Артур и Џејмс. Дури 80 отсто од предлозите се однесуваат на името Дијана, иако од агенциите сметаат дека е малку вериојатно Хари да одбере име на своето дете што ќе го потсетува на неговата трагично загината мајка.
Според историчарката на кралското семејство, Каролин Херис, најверојатно Дијана би било средното име на бебето ако е девојче.
Бебето на Хари и Меган ќе биде седмо по ред за наследство на кралската круна на Британија.
ФОТО: EPA/ Yui Mok/POOL