Кралот на канабисот се сретнал со Зоран Заев – вистина или лажна вест?

Биг Мајк на Инстаграм напишал дека Македонија ќе се претвори во една од најголемите канабис суперсили во светот.

8786

Неколку домашни медиуми, повикувајќи се на објава на Инстаграм, пренесоа вест дека еден од најголемите производители на канабис во светот, Биг Мајк, бил официјален гостин на премиерот Зоран Заев во Владата на Македонија. Не е прецизирано кога дошло до средбата.

Ова е таа објава на Инстаграм:

На сајтот на Владата и на официјалниот ФБ профил на Заев не најдовме вест за оваа средба.

Биг Мајк на Инстаграм напиша дека Македонија ќе се претвори во една од најголемите канабис суперсили во светот.

Медиумите потсетуваат дека целосното име на овој лик е Мајкл Страумитис, а самиот тој се нарекува „Марихуана Дон“. Преку својата компанија за легално производство на марихуана, „Advanced Nutrients“, тој досега направи милиони долари. Покрај бизнисот, доколку се отвори Инстаграм профилот на Биг Мајк, може да се забележи дека тој канабисот го промовира на секаков начин.

Во духот на борбата против лажните вести, од Владата и лично од советникот Марјан Забрчанец, пред еден час, побаравме објаснување дали ова е вистина или е лажна вест. Ако добиеме одговор, ќе го објавиме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...