Кралицата не крие која ѝ е миленичка: Кејт Мидлтон на годишнината од брак добила вистинско изненадување!

Кралицата ја прогласила Кејт за дама на Големиот крст од Кралскиот викторијански ред, највисокиот можен ранг.

2353

За Кејт Мидлтон понеделникот бил посебно свечен ден и тоа не само поради 8-годишнината од венчавката со принцот Вилијам, туку и поради признанието кое го добила од неговата баба, Кралицата Елизабета.

Кралицата ја прогласила Кејт за дама на Големиот крст од Кралскиот викторијански ред, највисокиот можен ранг.

Кралскиот викторијански ред го основала кралицата Викторија уште во 1896 година, за да може да ги препознае луѓето кои ѝ помагале и ја застапувале. Владејачкиот монарх лично одбира кој ќе ја носи оваа титула.

Оваа титула Кејт ја сместила во многу сериозно општество. Помеѓу витезите и дамите на Големиот крст се и синовите на кралицата, принцовите Ендру и Едвард и војвотката од Корнвол, Камила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...