Кралицата Елизабета Втора (93) одлучила да ја напушти Бакингемската палата. Ги спакувала ковчезите и привремено се иселила од палатата, а во помош ѝ притекнале и стручњаците кои настојуваат да го решат ширењето на глувците, пишува британски „Сан“.
Имено, наездата на глувци и стаорци е причината што ја натерала кралицата на привремено бегство. Откако персоналот во кујната се пожалил на појавата на глодари во кујната, биле повикани службите за дезинфекција и било започнато решавањето на сериозниот проблем со поставување силни отрови.
Меѓутоа, извор близок на кралското семејство за британските медиуми рекол дека персоналот на палатата е навикнат да ги гледа малите сиви глувци во палатата и дека овој проблем е тешко да се реши.
Санитарниот персонал е загрижен поради веројатноста дека стаорците станале имуни на отровот што се употребува.
ФОТО: EPA/WILL OLIVER