Британската кралица Елизабета Втора денеска го слави 93. роденден, што годинава се совпаѓа со Велигден по Грегоријанскиот календар.
Таа присуствуваше на велигденската миса во капелата Свети Ѓорѓи во Виндзор, заедно со другите членови на кралското семејство.
Денешната прослава е прва од двете со кои се одбележува роденденот на кралицата. Нејзината роденден официјално се одбележува во јуни со свечена парада. Традицијата за двојно одбележување на роденденот на монархот трае повеќе од 250 години.
ФОТО: EPA/WILL OLIVER