Внукот на кралицата Елизабета (93), Питер Филипс (42) се разведува од својата сопруга Отум (41), пренесува британски „Сан“. Кралицата, наводно, е многу вознемирена откако дознала дека нејзиниот миленик сака развод.
Патем, Елизабета е многу блиску со снаата Отум, а неодамна тие беа снимени како одат заедно на миса. Обожавателите сметаат дека оваа вест сигурно тешко ќе ѝ да падне на кралицата, особено откако Хари и Меган неодамна го напуштија кралското семејство.
„Сан“ исто така пишува дека Отум планира да оди во Канада со децата, а обожавателите шпекулираат дека токму Меган и Хари ги мотивирале да го преземат овој чекор.
Извори блиски на семејството велат дека нивниот брак минува низ криза веќе неколку години, но и дека причина за прекинот не е трета личност. Двојката е во брак 12 години.