Крадци собрале се што можеле од катната гаража Македонска фаланга. Тие украле голем број на сообраќајни знаци и опрема, млазници и мешачи за пена вредни 12.000 евра.
Вчера во Полициска станица Центар, доставен е записник од Јавно претпријатеие Градски Паркинг Скопје, кои пријавиле дека на 12 април годинава на паркиралиште „Катна Гаража Македонска Фаланга”, непознат сторител извршил тешка кражба при што е одземено 16 млазници за тешка пена 200 литри, 16 мешачи за пена 200литри и 36 сообраќајни знаци со што сторителот се стекнал со против правна имотна корист од 784.400 денари.
Сторителот насилно ги отворил хидрантитските ормари на јавното паркиралиште ги одзел предметите и се упатил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.