Крадци го обиле станот на Дамјан Манчевски

929

Крадци синоќа го обиле домот на министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.

Обивањето е пријавено и во полиција, но засега нема информации дека е нешто украдено.

– Пријавено е дека во стан на бул. 11 Октомври во Скопје непознат сторител насилно ја отворил влезната врата и влегол внатре, но до сега нема пријавено дека нешто е одземено – велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...