Одделението за имотни деликти Карпош и Ѓорче Петров ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „кражба“ казниво по член 235 од КЗ на РМ, против Б.Ќ.(40) од Скопје.
На 11-ти декември минатата година пријавениот во автобус 22 на ЈСП од лице од Скопје одзел паричник во кој имало 30.000 денари, лични документи и картичка од банка.