Крадец се заканувал со секира и украл над 25 илјади евра од туристичка агенција

232

Синоќа околу 18.20 часот во Струмица на улица „Димитар Влахов“ во туристичка агенција засега непознат сторител извршил оружен грабеж во просторија за брз трансфер на пари.

Тој влегол во просторијата и со закана со секира од вработената одзел повеќе од 25.000 евра и заминал во непознат правец.

Сторителот полицијата го сомничи за кривично дело разбојништво.

Од СВР Струмица информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...