Покрај споменикот на стреланите ученици и професори во Шумарице крај Крагуевац вчера се одржа традиционалната антивоена манифестација „Велики школски час“, на денот кога во Србија се одбележува државниот празник на сеќавање на сите жртви од Втората светска војна.
Од местото на масовното стрелање, каде што германските фашисти извршија стрелање на граѓани и професори и ученици кои беа донесени од училишните клупи, Крагуевац и овој 21 октомври, потсетува, предупредува и опоменува вакво нешто никогаш и никаде да не се повтори, пренесува РТС.
Пред споменикот на учениците и професорите беа положени венци од Првата Крагуевачка гимназија, од градот Крагуевац, Владата, збратимените градови и пријатели на Крагуевац и од дипломатскиот кор.
Германските окупатори во знак на одмазда за загинувањето на десет нивните војници и ранување на 26, во нападот на партизаните на 16 октомври 1941 година, 3-тиот баталјон на 749. пешадиски полк на Вермахтот, во Шумарице на 21 октомври стрелале околу 3.000 жители од Крагуевац и околните места, меѓу кои и 300 ученици од средни училишта и чираци, и 15 момчиња, улични чистачи на обувки.
Од 7 часот наутро до 14 попладне од Шумарице се слушала рафално пукање, а потоа се’ се стишало.
Една штура порака скоро без емоции веројатно е најпотресната од сите за тој настан. Книговодителот Јаков Медина, упасен на 18, стрелан на 20 октомври, напишал кусо: „утре не испраќајте леб“ („Лебац сутре немојте послати“). Во таа реченица е собрана и целата трагедија на животот во тешки времиња, за воената сиромаштија која се грижи секое парче леб да не се фрли.
Манифестацијата под називот „Велики школски час“ крај споменикот на стреланите првпат се одржала во 1957 година.
Во програмата манифестацијата досега имало повеќе од 50.000 учесници, напишани се голем број на поеми, оригинален музички и литературни дела.
Се наведува дека меморијалниот комплекс „21. Иктомври“ го имаат посетено досега пет милиони луѓе од земјата и светот.