Коњаниците тргнаа кон Крушево

921

Попладнево пред паркот „Јане Сандански“ дваесетина коњаници тргнаа кон Крушево, каде што ќе бидат дел од прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Според традицијата, на коњаниците им беше предадено општинското знаме, со што официјално стартуваше 41-от традиционален коњички марш во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Коњаниците со себе ја понесоа пораката дека Илинденското востание го означува почетокот на новата фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ.

Во рамките на манифестацијата коњаницата и игроорците од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...