Oткако на досегашниот претседател на Адвокатската комора Никола Додевски му истече мандатот почна трката за неговото место.
Медиумите лиферуваат имиња на адвокати. Петмина водат на листата: Љубомир Михајловски-Џанго, Александар Тортевски, Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Звонко Давидовиќ.
Додевски, изјави дека не е заинтересиран за нов четири годишен мандат.
Како најсериозен кандидат се спомнува Михајловски, кој е поранешен министер за внатрешни работи од СДСМ до 2006-та. Изборот ќе се изврши во Струга.