Кој ја труе Брегалница со тешки отрови?

457

Локален и државен инспектор за животна средина го истражуваат случајот со загадувањето на реката Брегалница во штипскиот регион.

Пред два дена реката беше обоена од тешки хемикалии, кои се користат во индустријата.

Сенка Андреева, инспектор за животна средина во Општина Штип вели дека се земени мостри од пет фабрики во кругот на поранешниот комбинат „Македонка“. Токму и од колекторот за отпадни води кој го користат овие фабрики се испушти вода, која во првиот момент беше црвена, потоа сина и на крајот црна. Таа вели дека резултатите ќе се знаат наредната недела.

– Земени се мостри се вршат анализи, но во моментов не можеме да кажеме кој е конкретниот загадувач, додека не ги добиеме резултатите, вели Андреева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...