Кој сними љубовен триаголник во Основниот суд 2, истрагата во тајност

5702

Се уште нема одговор од надлежните кој поставил камери и кој прислушува во Основниот суд 2, откако во јавноста пред неколку дена се појави снимка, стара две години од разговор, наводно направен во канцеларија на судот.

Од разговорот се дознава дека главни актери се маж и жена во тајна љубовна врска, снимени во расправија.

Снимката, како што објави ТВ 21, е направена во мај 2017, а објавена на Јутјуб пред неколку дена. Мажот на снимката наводно е судија, а жената негова соработничка.

Телевизијата објави дека во 40 минутното видео соработничката на судијата тропа на масата и му вели дека неговата сопруга ќе биде отстранета од работното место секретарка и дека ќе биде наставничка, а на нејзиното место ќе донесе девојка од Гостивар. На тоа судијата ѝ вели дека е можно неговата сопруга да покрене тужба, во случај да биде избркана од работното место, по што лутата соработничка почнува да го навредува.

Официјално, отворена е истрага за овој скандалозен случај, но се уште не се знае  кога ќе има епилог и дали резултатите ќе бидат обелоденети во јавноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...