На Конститутивниот состанок на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Република Северна Македонија, што се одржа денеска беа избрани претседателот и потпретседателите на делегацијата. За претседател на делегацијата е избран Андреас Шиедер, европратеник од Австрија од групата на Социјалистите и демократите.
Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, за прв заменик-претседател е избрана Ирена Јовева од Словенија од редовите на Обновена Европа и за втор потпретседател – Марион Валсман, европратеничка од Германија од редовите на Народните партии.
Меѓупарламентарната делегација која ги одржува парламентарните односи со Република Северна Македонија, брои 13 членови и 13 заменици.
Од групата на Европските народни партии членови се: Александер Александров Јорданов (Бугарија), Владимир Билчик (Словачка) и Марион Валсман (Германија) заменици од оваа политичка група се Јан Олбришт (Полска) и Мариа Спираки (Грција).
Од редовите на Социјалистите и демократите членови на делегацијата се Кати Пири (Холандија) и Андреас Шнејдер (Австрија), заменици Билјана Борзан (Хрвастка), Пина Пичерино (Италија) и Михаил Тудосе (Романија), едно членско место се уште не е пополнето.
Од групата на поранешните либерлаи, сега Обновена Европа членови на делегацијата се Атие Алиева-Вели (Бугарија) и Ирена Јовева (Словенија), заменици Каталин Чех (Унгарија) и Клаудиа Гамон (Австрија).
Членови на делеагцијата од редовите на Зелените/Европска слободна алијанса се Тинек Стрик (Холандија) и заменик Патрик Бејер (Германија).
Од групата Идентитет и демократија член е Масимо Казанова (Италија), додека заменикот не е назначен се уште.
Членови од групата на Европските конзервативци и Реформисти е Ангел Џамбазки (Бугарија) и како заменик Богдан Ржонца (Полска)
Од Независните европратеници во ниту една група членови се Лефтерис Николау-Алаванос (Грција, комуинист) и Анунзиата Мари Рис-Мог (Велика Британија, Брегзит партија, двата заменици доаѓаат исто така од Велика Британија од Брегзит партијата Џонатан Булок и Матејо Ричар Патен.
Меѓупарламентарните делегации работат на одржување на односите и размената на информации со пратениците од Собранието на Република Северна Македонија, за промоција на основните вредности на ЕУ: слободата, демократијата, почитувањето на човековите права и основните слободи и владеењето на правото.
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ