Кој тепа жена или маж, нема да влезе во Австралија

261

Посетителите на Австралија осудени за семејно насилство ќе бидат протерани од земјата или ќе им биде забранет влез, изјави денеска министерот за имиграција Дејвид Колман.

Новите закони, што стапија во сила во четвртокот, се во согласност со постоечката легислатива со која не се дозволува издавање на влезна виза на лица кои се осудени на една година или повеќе  години затвор и за други дела.

– Австралија не толерира сторители на семејно насилство. Ако сте прогласени за виновен за насилство врз жени и деца не сте добродојдени во земјата, истакна Колман, додавајќи дека во случаи на семејно насилство не е важна должината на казната на кои се осудени сторителите.

Канбера досега одби да му издаде виза на американскиот рапер Крис Браун, кој е осуден за насилство врз Ријана во 2009 година, како и на боксерот Флојд Мејведер, кој е осуден за повторно насилство врз сопругата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...