Во САД е извлечена победничката комбинација на џекпотот „Мега милион“, најголемата награда во историјата на американската лутрија во износ од 1,6 милијарди долари, соопштија денес официјални лица од ѐлотаријата.
Среќниот добитник кој не мора веднаш да се јави имал минимални шанси за добивка во однос 1 спрема 302,5 милиони, а уплатил ливче кое го чинело само 2 долара.
Според правилата на Лотаријата, победникот може да одбере веднаш да му бидат исплатени 904 милиони долари, откога ќе се одбие данокот, или добивката од 1,6 милијарди долари да ја добива на рати во наредните 29 години.
Во осум држави од вкупниот број во кои се игра, победниците имаат право да останат анонимни, но во останатите на јавноста ѝ се соопштува името на добитникот.
ФОТО: Твитер