Кој кого прави будала?

Втората светска војна на територијата на Европа траела до 8 мај 1945 година. Имајќи предвид дека денеска сме 2018 година и додавајќи го фактот дека за да учествуваш во воени дејствија би било потребно да си барам 14-15 години, логично е членовите на Сојузот да се на возраст над 88, некаде околу 90 години.

2336

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска ќе се сретне со претставници од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Како што информираат од министерството, за време на средбата ќе биде потпишан договорот за времено користење на простории во Домот на АРМ, во период од 10 години.

Втората светска војна на територијата на Европа траела до 8 мај 1945 година. Имајќи предвид дека денеска сме 2018 година и додавајќи го фактот дека за да учествуваш во воени дејствија би било потребно да си барам 14-15 години, логично е членовите на Сојузот да се на возраст над 88, некаде околу 90 години. Додавајќи го и договорот за користење на канцеларии на Сојузот, за 10 години здравје Боже, најмладиот антифашист би бил на 98-100 години.

Логично е прашањето дали некој се прави будала или пак сите нас не прави будали?! Дали всушност не станува збор за една група квази борци кои никогаш во животот и петарда не пукнале но биле лојални на Титова Југославија и наградени со огромни пензии и куп други бенефиции? До кога Македонија која себеси се определи за Евро-атлатски орентирана земја ќе се грижи за остатоците од своето комунистичко минато?
Не би сакал да правам болни паралели, но би сакал да укажам дека во нашата земја имаше реален воен конфлик во кој учествуваа многу луѓе. Повеќе од јасно е од денешна перспектива дека тој конфликт бил апсолутно непотребен и со многу човечки жртви, но политичарите од тој период не биле на висината на задачата и немале визионерство и информација што ќе се случува во иднина.

Како се однесува нашата Евро-атлатска Македонија кон нив?

Приказните за некои случувања од нашето блиско и далечно минато е крајно време да бидат именувани со вистинските имиња, доста ни е од бајки кои на крајот нас граѓаните не чинат реални средства од буџетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...