По 39 дена брутална игра, прогласен е победникот на 38. сезона на Срвајвер со наслов „Edge Of Extinction“.
Оваа сезона учесниците беа тестирани како никогаш порано, а на крајот дојде до тројцата кои успеаја да ги надмудрат останатите.
Жирито, кое оваа сезона беше составено од 13 членови, можеше да бира победник од три лица: 25-годишниот Крис Андервуд, 23-годишниот Гавин Витсон и 46-годишната Џули Розенберг. Резултатот беше 9-4 во корист на Андервуд, кој се здоби со титулата „единствениот преживеан“.
Крис беше исфрлен од своето племе уште во третата епизода, но благодарение на промената во играта, тој преживеа речиси месец дена на изолиран остров. Тој се врати во играта во финалето и стана првиот натпреварувач кој се откажа од финалниот имунитет и реши да се натпреварува во палење оган, со цел да му покаже на жирито дека е подготвен да ги прави најголемите потези за кусиот период кој му преостана.
И тоа функционираше, бидејќи Андервуд си замина со милион долари!
Следната сезона е наречена „Survivor: Island of the Idols“ и ќе започне оваа есен. Ќе има 20 учесници а се очекува за прв пат да има лица од Канада. Претходните учесници, Сандра Дијаз – Твајн (победник на Survivor: Pearl Islands и Survivor: Heroes vs Villains) и Роб Мариано (победник на Survivor: Redemption Island) ќе се вратат во играта како ментори кои ќе живеат на посебен остров, но нема да бидат директни учесници и нема да се борат за милион долари.
ФОТО: Си-Би-Ес