Кој е Марко Петровски?!

Ви значи ли нешто ова име и адресата: ул.Народен фронт, бр.14, Охрид, Македонија? Не? Епа мене ми значат, и името и адресата. ГИ ЗАПАМТИВ! А тоа е добра вест. Немам деменција! Сѐ уште.

485

На Денот посветен на болните од Алцхајмер, на скопскиот плоштад кадешто бев со мајка ми која боледува од деменција, се запишав на листата за бесплатен скрининг за деменција. Два-три пати кога ѝ ги правеа тестирањата на мајка ми, тестот ми се виде тежок. Можеби зашто ѝ беше тежок на неа.

Од пуста паника дека оваа болест ме демне во гените, почнав сѐ повеќе да мислам на тоа дека под итно треба и јас да се тестирам. Се фаќам себеси во работи за кои велат дека можат да бидат препознаени како почетоци на оваа состојба, а можат да бидат и само резултат на стрес и премногу обврски. И секако, се тешам дека е второво, ама не е лошо да проверам.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...