Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?

Првата надворешна посета на новиот претседател ќе биде на Брисел, најдоцна до 20 јуни, заедно со министреот за надворешни работи Никола Димитров.

6803

Оформен е Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и веќе се познати имињата на неговите членови.

Миле Бошњаковски е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, Билјана Радева е прес офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров е советник, Биљана Мицевска е шефица на протокол, Катерина Цаневска е советничка за медиуми, Љуљета Адеми е советничка која ќе ја води комуникацијата со лица со посебни потреби.

Надворешни советници се Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.

Како надворешен соработник бил поканет и Блерим Река, но одбил формален ангажман.

Како што дознаваме, Пендаровски нема намера да брка вработени во Kабинетот, надвор од надлежностите и законските овластувања. Во периодот кога шеф на државата беше Ѓорге Иванов бројот на вработени во Кабинетот бил зголемен од 37 на 61.

Пендаровски го назначил Еролд Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање.

Кабинетите на претседателот и на лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски се во постојана комуникација и во скоро време се очекува нивна средба.

Првата надворешна посета на новиот претседател ќе биде на Брисел, најдоцна до 20 јуни, заедно со министреот за надворешни работи Никола Димитров.

Претседатeлот Стево Пендаровски, велат од кабинетот, по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија, ниту средства за отворање на канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, каде ќе одржува состаноци и средби како поранешен претседател. Тој по мандатот ќе се врати на работното место професор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...